Љупчо РИСТЕСКИ (26.05.1970). Д-р, редовен професор, Институт за етнологија и антропологија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј", Скопје. Магистерскиот труд „Посмртниот обреден комплекс во традициската култура на Мариово“ ја одбранил в Белград (1997). Докторската дисертација на тема: „Категориите простор и време во народната култура на Македонците“ ја одбранил во 2002 година (етнологија). Љупчо С. Ристески бил раководител на повеќе национални, и неколку меѓународни научни проекти. Бил национален координатор на 2 меѓународни научни проекти, а учествувал како член во 3 научни проекти.
Книги: Етнографски извори за Македонија. Етнографски атлас на СФРЈ. Етнографски атлас на СР Македонија. Том. I, Кн. 1, 2, (2019), Категориите Простор и Време во народната култура на Македонците (2005), Посмртниот обреден комплекс во традициската култура на Мариово (1999), Ракописната заоставштина на Бранислав Русиќ: Прилог кон историјата на етнолошката мисла во Македонија (1997). Strategies of Symbolic Nation-Building in South Eastern Europe (2102, каоавтор Armanda Kodra Hysa), Народна митологија на Македонците: Етнографски и фолклорни материјали (1998, коавтор), Народна демонологија на Македонците (1996, коавтор). Уредник: Macedonia. The Political, Social, Economic and Cultural Foundations of a Balkan State (2013), Другоста во етнологијата (2007).